ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова со триумф над Тиквеш покрај езерото

Ренова и Тиквеш денес одиграа контролен натпревар во Охрид кој заврши со минимална победа од 1:0 за „гипсарите“. Единствениот погодок падна по само две минути игра на „Билјанини Извори“, а до крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни.

Стрелец на победничкиот погодок беше Ремзифаик Селмани.

Ренова претходно славеше над Гњилане и Борец, додека за Тиквеш ова е прв пораз во подготовките откако прехтодно имаше скор од две победи над Македонија ЃП и Работники, додека пак против Охрид одигра нерешено.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!