ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова со играч помалку до голем бод во Струга

Во Струга поделба на бодовите меѓу Струга Трим Лум и Ренова, откако двете екипи одиграа само 0:0, во меч од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани не го искористија киксот на „лавовите“ со цел да се доближат до третото место кое носи во Европа, на мораше да се задоволат само со бод, иако противникот имаше играч помалку. За Ренова ова е голем бод, во борбата за опстанок во мак елитата, а на тежина добива фактот што се изборија за истиот со играч помалку од 42. минута.

Струга Трим Лум останува на четвртото место на табелата со 34 бодови, додека Ренова е претпоследна со 24 бодови. Во следното коло Струга ќе гостува во Струмица кај Академија Пандев, додека Ренова ќе биде домаќин на Македонија ЃП.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!