ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ренова се засили со Јусуфи и Тафа

Екипата на Ренова прави комплетен ремонт за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Гипсарите“ веќе се подготвуваат за пролетните предизвици, а екипата денес се засили со Фатјон Јусуфи и Арбен Тафа.
Претходно екипата од Џепчиште се засили со Мена Перез, Гајиќ и Алити, а си заминаа Незири, Артан Велиу, Арменд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали.
Ренова во пролетниот дел ќе влезе со цел да ја напушти бараж зоната и да има сигурен опстанок во македонската елита.