ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ренова се засили и со повратникот Вулнет Ислами

Ренова денес промовираше две нови засилувања. Првото е со младиот играч за врска Марко Гајиќ, кој во Џепчиште доаѓа од редовите на словенечкиот второлигаш Триглав.
Покрај Гајиќ, Ренова денес се засили и со повратникот Вулнет Ислами, кој доаѓа од редовите на второлигашот Дрита од Боговиње. 25-годишниот Ислами потекнува од школата на Ренова.
„Гипсарите“ претходно се засилија со Алренд Алити и Џон Еду Мена Перез од Колумбија. Инаку, Ренова претходно се реаздели со пет фудбалери.
„Гипсарите“ до 22 јануари ќе се подготуваат во домашната база, а потоа ќе заминат во Охрид, каде ќе останат до 3 февруари и ќе одиграт неколку пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.