Ренова се раздели со пет играчи

Ренова ги започна подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а тренерот Ќатип Османи во иднина нема да смета на пет фудбалери.
Клубот од Џепчиште се раздели со пет играчи, станува збор за Валон Незири, Артан Велиу, Арменд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали. Сите се слободни и ќе може да си бараат нови клубови за продлжување на кариерата.
Ренова за пролетниот дел од сезоната обезбеди две нови засилувања, Алренд Алити и Џон Еду Мена Перез од Колумбија.
„Гипсарите“ до 22 јануари ќе се подготуваат во домашната база, а потоа ќе заминат во Охрид, каде ќе останат до 3 февруари и ќе одиграт неколку пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Ренова есенскиот дел го заврши на деветтата позиција на табелата со 19 бодови, а пролетниот дел го стартува на домашен терен со струмичка Беласица.
Еден Коментар