ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ренова се „распука“ кон Велешта за убедлива победа

Ренова запиша убедлива победа од 6:1 над второлигашот Велешта на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Резултатот го отвори Ремзифаик Селмани во 6. и 18. минута, потоа стрелаше и Ален Јашаровски за 3:0 на полувреме.
Во вториот дел Ренова повторно преку Јашаровски зголеми на 4:0. Второлигашот потоа намали на 4:1, но разиграната Ренова постигна уште два гола до крајот на натпреварот преку Амар Емурли и Ерен Мемеди за конечни 6:1.