ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ренова против Силекс во дерби за опстанок, Академија Пандев домаќин на Вардар

Утре со дербито за опстанок меѓу Ренова и Силекс се отвара 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Струга Трим Лум на домашен терен ја чека екипата на Пелистер, Борец во Велес против Шкупи, во Струмица дуел меѓу „фенерџијата“ Беласица и лидерот Шкендија.
На Националната арена „Тодор Проески“ се игра скопското дерби меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев на СЦ „Пандев“ ќе го пречека Вардар.
Сите натпреварите ќе започнат во 13:00 часот.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ