ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова продолжува во ПМФЛ со странски спонзори ? Воска и Гостивар го сакаат местото на „гипсарите“ !?

Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, но и според тоа што кружи низ фудбалските кругови можно да е да има пресврт односно Ренова сепак да игра во Прва лига ?

Имало голем интерес од странски спонзори кои сакале да влезат во клубот од Џепчиште, да инвестираат во него и со тоа „гипсарите“ да играат и понатаму во Првата македонска фудбалска лига. Сепак, станува збор за неофицијални информации кои се на ниво на шпекулации и кружат низ фудбалските кругови.

Исто така, како што дознава Спортска Мрежа местото на „гипсарите“ го сакаат и Воска Спорт и Гостивар ? Овие второлигаши градат тимови за атак на местата кои водат во Прва лига.

Воска Спорт играше бараж за историски влез во Прва лига, но загуби од прволигашот Тиквеш со 4:1 во Струмица, а пак Гостивар кој заврши на четвртото место, сега гради сериозен тим за Прва лига.

Се очекува Ренова во следните денови да излезе со официјално соопштение околу иднината на клубот, па да добиеме потврда дали Ренова ќе остане во прволигашкото друштво или ќе се пресели во Општинската лига односно од следната сезона да започне од најнизок ранг на натпреварување, па со тоа УО на ФФМ да одлучува кој ќе го пополни испразнетото место во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!