ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова преку пресврт дојде до победа над Македонија ЃП

Екипата на Ренова дојде до голема победа, откако на гостински терен запиша победа од 2:3 над Македонија Ѓорче Петров, во меч од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стартот од натпреварот беше обележан со претпазлива и смирена игра од двете страни. Први до водство дојдоа гостите од Тетово преку Мухарем во 39. минута од мечот. Во вториот дел паднаа четири гола. Адем во 52. минута израмни на 1:1, а Агусто зголеми на 2:1 за „лавовите“. Во останатиот дел од натпревар „гипсарите“ одиграа фантастично и преку Селмани израмнија на 2:2. Притисокот на Ренова кон домаќините се зголеми, а Шефити постигна гол за 2:3 и голема победа на Ренова.

Ренова со 19 бодови е на деветото место на табелата, додека Македонија ЃП останува на третото место со 33 бодови.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!