ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова ја засили голманската позиција и одбраната за следната сезона во ПМФЛ

Ренова продолжува да го гради тимот за следната сезона, екипата од Џепчиште е најактивна од сите прволигаши. Клубот обезбеди нов голман и дополнително ја засили одбраната.

26-годишниот Игор Алексовски е нов голман на Ренова, кој доаѓа како слободен играч од редовите на Шкупи. Алексовски кој беше член на У-21 репрезентацијата на Македонија играше и на Европското првенство во Полска во 2017 година, има големо искуство и претставува квалитетно засилување за „гипсарите“. Во својата кариера Алексовски покрај за Шкупи има настапувано и за Македонија Ѓорче Петров и Вардар.

Антонио Илиески ќе ја засили одбрана на Ренова. 24-годишникот доаѓа од второлигашот Кораби, а во својата кариера има настапувано и за Македонија ЃП, Вардар Форино, Еуромилк ГЛ, Гостивар и Кавадарци.

Поврзани Наслови

Еден Коментар

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!