ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова ја продолжи соработката со Фетаи и Рамадани

Ренова продолжува со градењето на тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Гипсарите“ преку бараж со Охрид на пенали го задржаа прволигашкиот статус и веќе работат со полна пареа на тимот за новата сезона.

Уште двајца играчи ја продолжија соработката со екипата од Џепчиште, Саимир Фетаи и Емран Рамадани и во следната сезона ќе го носат дресот на Ренова.

29-годишниот Рамадани ја продолжи соработката на уште една сезона.

Фетаи е во Ренова од 2003 година, а соработката со 32-годишниот играч продолжува и во следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!