ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова игра како во сезоната кога стана шампион! Може ли да се повтори овој успех на „гипсарите“ ?

Ренова дефинитивно е преродена откако Ќатип Османи се врати на кормилото на „гипсарите“. Иако во претходната сезона за „влакно“ се спаси откако во баражот на пенали беше подобра од Охрид, во новата сезона Ренова игра како во сезоната кога стана шампион во Првата македонска фудбалска лига.

Колку за потсетување Ренова во сезоната 2009/2010 под водство на сега актуелниот тренер на Тиквеш, Влатко Костов стана шампион во Првта лига, а статистички гледано Ренова во шампионската сезона по десет одиграни кола имаше 23 освоени бодови, додека пак сега по 10 одиграни кола има два помалку, односно 21 бод.

Скорот на Ренова на овие десет натпревари е шест победи, три ремија и само еден пораз, со постигнати 18, а примени 8 погодоци.

Ренова е во македонската фудбалска елита од сезона 2005/2006, а оваа сезона најголем конкурент на Шкупи за титулата му е токму Ренова. Инаку, фудбалерот на „гипсарите“ Ремзифаик Селмани е втор најдобар стрелец по десет кола во Прва лига со постигнати осум погодоци.

Викендот во рамки на 11. коло на Чаир ќе се игра дербито на колото меѓу Шкупи и Ренова, па доколку избраниците на Ќато запишат триумф, тогаш Ренова ќе биде новиот лидер во Првата лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!