ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова и Работнички ремизираа во натпревар со шест гола

Двата прволигаши Работнички и Ренова денес одиграа контролен натпревар во Охрид кој заврши без победник со резултат 3:3

На теренот со вештачка трева на СРЦ „Атина Бојаџи“, двете екипи одиграа офанзивно и беа постигнати многу голови.

Ренова поведе со голот на Ремзифаик Селмани во 18.минута, но безо одговори и Работнички преку капитенот Горан Силјановски. „Романтичарите“ дојдоа и до предност од 2:1 со голот на Стефан Јевтовски, а Ренова израмни во 45.минута од пенал. Реализатор беше стрелецот на првиот гол Ремзифаик Селмани.

Во второто полувреме, Марио Станковски донесе ново водство за Работнички со погодокот во 55.минута, а Ален Јашароски погоди во 90.минута за конечни 3:3.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!