ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова го засили средниот ред со Марко Гајиќ

Екипата на Ренова денес претстави ново засилување, кое го засилува средниот ред. Станува збор за младиот играч за врска Марко Гајиќ, кој во Џепчиште доаѓа од редовите на словенечкиот второлигаш Триглав.

Гајиќ е трето засилување за Ренова, откако претходно се засили со Алренд Алити и Џон Еду Мена Перез од Колумбија. Инаку, Ренова претходно се реаздели со пет фудбалери.

„Гипсарите“ до 22 јануари ќе се подготуваат во домашната база, а потоа ќе заминат во Охрид, каде ќе останат до 3 февруари и ќе одиграт неколку пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!