Ренова ги започна подготовките, Арлинд Алити прво засилување

Прволигашот Ренова од денес ги стартуваше подготовките за пролетните предизвици во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот Ќатип Османи го имаше првиот собир со фудбалерите во новата 2021 година каде што беше претставено и првото засилувања, станува збор за младиот Арлинд Алити, кој во тимот од Џепчиште ќе настапува како позајмен фудбалер од есенскиот шампион Шкендија.

21-годишниот Алити минатата сезона беше позајмин во второлигашот Велазерими, додека есенскиот дел го помина во ПМФЛ настапувајќи за Струга Трим Љум, а во својата кариера беше и во Дрита. Искусниот тренер Османи на раслопагање ќе ги има и младите Ерен Мемеди и Амар Емурли кои од младинскиот тим се приклучуваат во првиот тим.

Ренова до 22 јануари ќе се подготвува во својата база, а потоа ќе замина во Охрид каде ќе остане до 3 февруари и ќе одигра неколку пријателски натпревари.
Според најавите „гипасирите“ деновите ќе се засилат со уште неколку играчи, а досега клубот го напушти само Сулејман Кукубали.