ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ренова блиску до опстанок по победата над Беласица, Силекс и Борец ремизираа во Кратово

Фудбалерите на Ренова очекувано стигнаа до победа над отпаднатата Беласица откако со 3:1 славеа на домашен терен со што целион плен остана во Тетово. „Гипсарите“ сега ја делат десетата позиција со Академија Пандев со по 35 освоени бодови и во однос на Вардар имаат четири бода предност. Ренова уште во 9. минута дојде до водство со голот на Ален Јашароски. Пред крајот на првиот дел Јашароски со втор гол донесе двојна предност на полувреме. Во вториот дел Калпачки намали на 2:1 откако ја погоди мрежата на Велии во 52. минута. Стојановски во 82. минута покажа на белата точка за Ренова, а Јашароски успешно реализираше стигна до хет-трик и ги постави конечните 3:1.

Борец успеа да го „преживее“ Кратово откако одигра 1:1 со Силекс и дома се враќа со голем бод. Кратовчани први стигнаа до водство откако во 35. минута погоди Пепи Горгиев. Во 80. минута Качевски покажа на белата точка за Борец, одговорната ја презеде Александар Мишов кој беше сигурен и успешно реализираше за конечните 1:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!