Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ремзифаик Селмани кариерата ја продолжува во Унгарија, седум фудбалери заминуваат од Ренова

Седум фудбалери си заминуваат од Ренова. Дресот на „гипсарите“ во иднина нема да го носат Ремзифаик Селмани, Виктор Серафимовски, Емран Рамадади, Мевљан Мурати, Антонио Илиевски, Албан Таипи и Игор Алексовски.

„Ви благодариме за придонесот во нашиот клуб и ви посакуваме здравје и многу успех во вашите клубови“, велат од Ренова.

Најдобриот играч на Ренова, Ремзифаик Селмани веќе има нов клуб, тој кариерата ја продолжува во Унгарија, каде потпиша договор со прволигашот Мезоковешд.

За Селмани ова ќе биде втор настап во Унгарија, откако претходно беше дел од Ујпешт.

Во сезоната што заврши 25-годишниот Селмани забележа 32 настапи за „гипсарите“, постигнувајќи 15 погодоци и запишувајќи 7 асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!