ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Реми во Штип, „лавовите“ до цел „плен“ во Кратово, три бода за Шкупи

Денес се одиграа натпреварите од последното 18. коло од Првата македонска фудбалска лига, со што се затвори есенската полусезона.

Интересна средба со пет погодоци одиграа Работнички и Шкупи на „Борис Трајковски“, во меч каде актуелниот шампион триумфираше со 2:4 над „романтичарите“.

Максимов беше двоен стрелец за домашниот тим, а пак Исмаиљи си постигна автогол. За Шкупи Адетуњи беше стрлец на еден гол, а Трапановски на два гола.

Македонија Ѓорче Петров го освои Кратово и дома се враќа со три бодови, откако на тешкото гостување забележа триумф од 1:3 над Силекс. „Лавовите“ до триумфот дојдоа со трите погодоци на Филип Мишевски, а за Силекс единствен стрелец беше Марјан Ристовски.

Брегалница со реми ја затвара есенската полусезона, откако на домашниот терен во Штип со 2:2 ремизираше со Победа. Штипските „сини“ имаа водство од 2:0 со двата погодоците на Додев, но на крај мораше за се задоволат со бод, откако Победа израмни на 2:2 преку Мазари и Дадет.

Академија Пандев никако да излезе од резултатската криза, откако денес на домашен терен загуби од Тиквеш и со пораз ја затвара есенската полусезона. „Пандевци“ во Струмица беа поразени со 0:2 од каваречкиот прволигаш со што го запишаа својот 11-ти сезонски триумф и „паднаа“ на 10-тото место на табелата, односно во бараж зоната, па во пролетниот дел ќе имаат повеќе од тешка задача за директен и сигурен опстанок.

Тиквеш до својот осми сезонски триумф стигна со погодоците на Ивановски и Лазаров.

Лидерот Струга Трим Љум на гостувањето во Автокоманда одигра нерешено (1:1) со Скопје и мораше да се задоволи само со бод. Стружани први стигнаа до водство со голот на Малески во 58 минута, а пак „пиратите“ со голот на Игнатов 10 минути подоцна обезбедија голем бод и со тоа во пролетниот дел ќе атакуваат и на директен опстанок во елитата на Македонија.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!