
Со големото дерби меѓу Арбен Бајрами и Проект беше отворено 14. коло од Првата футсал лига на Македонија.
Првото полувреме заврши без погодоци, со многу неизвеност и надигрување, цврста игра со многу жестоки дуели.
Вториот дел од натпреварот започна со брз гол на гостите кој падна во 23. минута, а стрелец беше Крстевски Иван. Домаќинот веднаш тргна со притисок кон противникот со цел за брзо израмнување и враќање во игра за победа, меѓутоа одбраната на Проект не дозволуваше изненадување сè до последни секунди, кога Рамадани Берат ја затресе противничката мрежа.
Натпреварот го судеа искусните судии Бартон Јосип, Ристовски Доне и Исмаили Музафер.
На врвот на табелата промени нема да има. Проект останува лидер со 38 бодови, додека Арбен Бајрами со 37 е на второто место на табелата.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник (1. март).