ОстанатоФудбалФутсал

Реми со ДЕСЕТ гола во Струга – Енхалон и Црна Река ги поделија бодовите

Вечерва во Струга беше отворено 10. коло од Првата футсал лига со ремито меѓу Енхалон и Црна Река (5:5).

Интересен дуел во кој имаше менување на водството и на двете страни, за на крај да заврши со поделба на „пленот“.

За Енхалон двојни стрелци беа Џавит Лимани и капитенот Нико Пластиновски, а еден погодок постигна Аднан Агушевски. За гостите од Кавадарци погодоците ги постигнаа Мирко Соколов, Лазар Мицев, Зоран Павлов, Крсте Плачков и Дарко Темелков.

Колото ќе биде комплетирано во недела.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!