ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Реми на контролката во Пехчево меѓу Кит Го и Малеш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Попладнево во Пехчево се одигра пријателска средба меѓу второлигашот Кит-Го и третолигашот Малеш. Средбата заврши нерешено со резултат 1:1. Стрелец на голот за домаќинот беше Стефан Мишев, додека за гостите беше Филип Гоцевски.

Кит-Го играше со фудбалерите кои досега имаа помала минутажа и настапи со Богдановски, Јанев, Стојменов, Николов, Тиквешанац, Бајрамов, Мишев, Митев, К. Трпчевски, М. Митев и Дојчинов, а во игра влегоа и Коцев, Цанев, Георгиев и Михајлов.

По подолга пауза на зелениот терен се појави некогашниот млад репрезентативец, Стефан Мишев, екс фудбалер на Брегалница, кој имаше една сериозна повреда. По подолгото отсуство од зелениот терен, Мишев денеска се појави во екипата на Кит Го. Шефот на Стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев е задоволен од играта на Мишев.

„Ме радува враќањето на зелениот терен на Мишев. Играше добро и беше стрелец на голот за Кит Го“, вели Емил Грнев.

Малеш зимава се засили и склопи тим кој што во пролетниот дел од сезоната ќе биде конкурентен и ќе се бори за првото место и влез во Втората лига – Исток, а денешното реми со второлигашот од Пехчево е уште една потврда за нивната одлична форма и најава за возбудлива пролет во Третата лига – Исток.

Во среда, Кит Го ќе одигра контролка со третолигашот Брегалница од Делчево, додека Малеш ќе игра со младинците на Академија Пандев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!