ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Реми на дуелот меѓу Башкими и Њу Јорк

Денес беше одигран воведниот натпревар од 11. коло од Третата лига – Север меѓу екипите на Башкими и Њу Јорк кој заврши без победник со резултат од 2:2.
Први до водство на натпреварот дојдоа домаќините со гол на младиот Ќаили Ељмедин во 21. минута. На полувреме се замина со 1:0.
Во вториот дел гостите направија притисок кон голот на Башкими и во 58. минута со гол на Бериша Шефки израмнија на 1:1, а во 70. минута преку Авдулаи Бејтула со свртеа резултатот на 1:2. Башкими во 90. минута преку Незири Ерсин погоди за конечни 2:2.
Табелата од Третата лига – Север можете да ја погледнете ОВДЕ.