ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Реми меѓу Вардар и Струга ТЛ, голема победа на Пелистер над Борец во Битола

Вардар и Струга Трим Лум ги поделија бодови, откако ремизираа играјќи 1:1 во меч од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Струга први дојдоа до водство, откако во 21. минута беше досуден пенал, а Ристевски Александар успешно го реализираше за водство од 0:1, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел, Струга го чуваше позитивниот резултат, а Вардар се обидуваше брзо да израмни. Во 75. минута Петковски Филип успеа да ја погоди противничката мрежа за 1:1, резултат кој остана до крајот на средбата одиграна на „Тодор Проески“ во Скопје.

Пелистер – Борец

Пелистер запиша минимална, но голема победа над велешки Борец на домашен терен во Битола. Стрелец на единствениот гол кој падна во 41. минута беше Црногорецот Пејаковиќ Иван. Во вториот дел мрежите мируваа и на двете страни, со што оние 1:0 од прво полувреме станаа конечни.

Битолчани сега направија голем чекор во однос на табелата и по 22 одиграни натпревари се наоѓаат на седмото место на табелата со 28 освоени бодови, додека Борец е шестти со бод повеќе.

Целата табела од Првата лига погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!