ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Реми меѓу Струга ТЛ и Македонија Ѓ.П.

Струга Трум Лум со реми ја стартуваше пролетната полусезона, откако покрај езерото одигра 1:1 со Македонија Ѓорче Петров во меч од 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, додека во вториот дел паднаа два гола. Први до водство дојдоа „лавовите“ во 50. минута со гол на Есмин Личина. Струга во продолжението од натпреварот правеше притисок за израмување и гол за 1:1 падна во 85 минута, а стрелец беше „џокерот“ Алтипармаковски Марјан.

Струга останува на четвртото место на табелата со 29 бодови, а Македонија Ѓ.П. останува на третото место со 34 бодови. Во следното коло стружани ќе гостуваат кај Беласица во Струмица, додека „лавовите“ ќе бидат домаќини на Борец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!