ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Реми меѓу Кораби и Охрид, Тетекс подобар од Гостивар

Денес беа одиграни два од трите одложени натпревари од 15. коло од Втората фудбалска лига – Запад.

На Градскиот стадион во Дебар екипите на Кораби и Охрид ремизираа без погодоци (0:0). Во локалното дерби под Шар Планина Тетекс беше подобар од Гостивар со 2:3. За гостите од Тетево стрелаа Андреј Јаневски, Дамјан Масевски и Рионор Ајдини. За домашните стрелаа Сунај Хасан, Љавдрим Скендери.

Дуелот меѓу Велешта и Силекс е одложен по вторпат бидејќи теренот во Велешта е вистинска ораница, за што Спортска Мрежа преку видео ја долови катастрофалната состојба.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!