Реми меѓу Карпош и Младост 2015, Пчиња запиша победа со ДЕСЕТ погодоци, висок триумф за Ран Производ

Вчера се одиграа натпреварите од 4. коло од Општинската фудбалска лига во Куманово во група Север и Југ.
Во групата Север дуелот меѓу Карпош и Младост 2015 заврши без победник со по еден гол во мрежата (1:1) со што двете екипи го поделија „пленот“.
Куманова-Миланово на домашен терен со 2:1 славеше над Четирце, а со идентични 2:1 славеше и Коструник против Козјак на домашен терен.
Мечот меѓу Речица и Јуниор е одложен за утре (11. октомври).
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ – КУМАНОВО група СЕВЕР:

- Следно 5. коло:
Младост 2015 – Куманова-Милано 2010 (16.10.2022 12:00 часот)
Козјак – Карпош (16.10.2022 12:00 часот)
Јуниор – Костурник (15.10.2022 15:00 часот)
Четирце – Речица (16.10.2022 15:00 часот)
Во групата Југ најубедлива победа однесе Пчиња која на гостувањето во Умин Дол со 0:10 ја збриша екипата на Слога.
Клечовце на домашен терен запиша висок пораз од 2:6 до екипата на Ран Производ, а пораз на домашен терен впиша и Орашац откако загуби од Победа со 0:2.
Македонија Агино со триумф од 3:2 над Куманово 2012 стигна до четири од четири за максимални 12 бода.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ – КУМАНОВО група ЈУГ:

- Следно 5. коло:
Куманово 2012 – Слога (16.10.2022 15:00 часот)
Победа – Македонија Агино (15.10.2022 13:00 часот)
Ран Производ – Орашац (16.10.2022 15:00 часот)
Пчиња 2015 – Клечовце (15.10.2022 13:30 часот)