ФудбалФутсал

Рекорд во македонскиот футсал – Шкупи му даде 37 голови на Кратово, искусниот Левески постигна 15 гола!

Актуелниот футсал шампион на Македонија, екипата на Шкупи постигна рекорд во македонскиот футсал, откако на денешниот натпревар славеше со неверојатен резултат од 37:0, во натпревар од 14. коло од Првата футсал лига.

Шкупи кој беше апсолутен фаворит на натпреварот немаше милост кон противникот и буквално ја искина противничката мрежа.

Зоран Левески постигна 15 погодоци на натпреварот

Искусниот Зоран Левески постигна дури 15 погодоци на натпреварот, седум гола постигна Еркан Шабани, Исмет Чека шест пати ја погоди мрежата, Бурак Мемеди и Иван Сотировски постигнаа по три погодоци, додека Арсим Фазлиу и Никола Димовски постигнаа по еден гол. На целата мака, Кратово си постигна и еден автогол.

Во следното коло Шкупи ќе игра дерби со Јувентус Серава, додека Кратово ќе гостува кај Кеги Моби од Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!