Речица не издржа и ремизираше со Камјани

Денес беше комплетирано 13. коло од Третата лига – Запад, со натпреварот меѓу Речица и Камјани кој заврши без победник со по еден гол во мрежа (1:1). Според формата и домашниот терен Речица важеше за фаворит на натпреварот, но Камјани во финишот успеа дома да се врати со бод.
Првиот дел од натпреварот заврши со мирни мрежи односно 0:0. На стартот од вториот дел судијата покажа на белата точка за домашната екипа, одговорноста ја презеде Саити Дурим кој успешно реализираше за водство од 1:0. Во текот на натпреварот Речица успешно го чуваше водството се до 88. минута кога отпорот на домашните беше скршен со гол на Абдулаху Фестим кој ги постави конечтени 1:1.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Во однос на табелата Речица е на третото место со 23 бодови, додека Камјани има 17 и се наоѓа на шестата позиција.