ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Речица го „распадна“ Пролетер, Арсими пресилен за Трабзонспорт, Зајази со ЧЕТИРИ гола за Нераште

Дербито меѓу ланските второлигаши меѓу Дрита и Велазерими заврши со триумф за домаќинот од 2:1. Армир Алиу беше двоен стрелец за Дрита, а конечните 2:1 ги постави Махир Ајрули во 82. минута.

Зајази на домашен терен беше убедлив против Нераште со убедливи 4:0. Шќиприм Руфати во 9. минута од мечот го отвори резултатот за водство од 1:0 за домашните. Пред крајот на првиот дел Башким Љама погоди за 2:0. Во вториот дел со два брзи гола Зајази ги постави конечните 4:0, а стрелци беа Шабан Ќрими и Флориан Мехмеди.

Арсими на гостување кај Трабзонспорт славеше со високи 2:6. Буран Менга со два гола во 13. и 28. минута донесе водство од 0:2 за Арсими, а Алмир Исеини и Арин Ејупи во 60 секунди два пати ја погоди мрежата на Евзал Ислами за водство од 0:4 за гостите. Пред крајот на првиот дел Осман Алији погоди за 0:5 на полувреме. Во вторито дел Ирфан Селамни се запиша во листата на стрелци за високи 0:6. Бесар Усејни намали на 6:1 во 82. минута, а шест минути подоцна Иска Фејзулаи постигна гол за конечни 2:6 во 88. минута.

Речица на домашен терен забележа убедлива победа од високи 6:0 против Пролетер. Најрасположен за голови кај домашните беше Хузри Џемаили кој постигна четири погодоци, а во листата на стрелци се запишаа и Арбнор Мехмеди и Ветон Нафиу.

Врапчиште на домашен терен одигра 1:1 против Љуботен. Гостите први дојдоа до водство во 60. минута откако Ивица Костадиноски ја погоди мрежата на Фатих Хасипи. Шест минути подоцна Станиша Златановски заработи црвен картон поради неспортско однесување (непогодни зборови кон делегатот). Во 71. минута Марјан Сава постигна погодок за конечните 1:1. Во судиското надополнување и Томас Тасос заработи црвен картон поради неспортско однесување.

Вчера во воведниот натпревар Напредок на домашен терен славеше со убедливи 4:0 против Камјани, а извештајот од овој натпревар можете да го прочитате овде.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!