ЕУРО 2020Фудбал

Ребиќ наместо Перишиќ од првата минута ?

Откако Иван Перишиќ отпадна за мечот со Шпанија, медиумите анализираат кој наместо него ќе влезе во првиот тим.

Хрватска вечерва од 18 часот ја очекува натпревар од осминафиналето на Европското прнвество против Шпанија, а пред мечот селекторот Златко Далиќ има само една дилема, кој наместо Перишиќ ?

Се чини дека најблиску до првиот тим е Анте Ребиќ, човек со голема доверба кај селекторот.

Најновите информации велат дека Далиќ сепак ќе посегне по најискусниот играч кој игра на таа позиција, иако многу фанови посакуваа Мислав Оршиќ да добие шанса уште од првата минута.

Да не заборавиме дека на таа позиција можат да играат и Јосип Брекало и Лука Иванушец, но најверојатна опција е играчот на Милан.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!