Европски ФудбалФудбал

Реал со сите сили сака да го продаде Јовиќ

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид реши да го продаде Лука Јовиќ по секоја цена ова лето.

Шпанска „Марка“ во денешното издание пишува дека кралскиот клуб ќе се обиде на секој начин да го продаде со цел да ослободи простор во нападот и да добие добар дел од парите за следниот трансфер.

Имено, управата на клубот сака да ги донесе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд со сите сили, но како што стојат работите, доколку успее барем еден од тие два трансфери ова лето, тоа ќе биде огромен успех.

Милан се уште е заинтересиран за Јовиќ, но прашање е колку пари имаат за неговиот обештетување, но и платата што ќе му биде тешко да ја обезбеди бидејќи таа изнесува 10 милиони евра годишно.

Лука пристигна во Реал пред две години од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но оттогаш успеа да постигне само два гола и да запише две асистенции. Следуваше позајмица во неговиот поранешен клуб од Франкфурт, но ниту таму тој не успеа да остави добар впечаток, како и првиот пат. Тој дојде во Реал по желба на тогашниот тренер Зинедин Зидан, кој сега е обвинет во клубот дека потрошил многу пари непотребно за да го донесе напаѓачот.

Останува да се види дали Реал и Милан ќе можат да се договорат за трансфер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!