Европски ФудбалФудбал

Реал со понуда за размислување: Го нуди Азар и пари за Џејмс

Реал Мадрид планира да го ангажира дефанзивецот на Челзи и на репрезентацијата на Англија, Рис Џејмс. Договорот би вклучувал и враќање на Еден Азар во редовите на тимот од Лондон.

22-годишниот Џејмс во шпанскиот гигант го гледаат како најдобро решение за десната страна на теренот. Рис е дел од младинската школа на Челзи од неговата седма година, односно од 2006 година.

Досега за „сините“ одигра 106 натпревари, постигна осум гола и запиша 14 асистенции. Особено блеска оваа година кога на 22 меча учествуваше во дури 11 голови на Челзи.

Првично Реал сакаше да понуди 60 милиони евра за Џејмс, а потоа дојдоа на идеја да го понудат и Азар, со што цената значително ќе се намали.

Сепак, голем проблем е што Џејмс има уште три години договор и сигурно е дека Челзи ќе бара многу повеќе пари, доколку воопшто планира да пушти голем млад играч.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!