Европски ФудбалФудбал
Реал подготвува „чистка“, двајцата играчи „летаат“ од „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид нема намера да ги продолжи договорите со Герет Бејл и Иско, а и двајцата договорите им истекуваат на крајот од сезоната.
Затоа се главни кандидати за заминување од Реал Мадрид веќе во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Исто така, слична е ситуацијата и со левиот бек Марсел, чиј договор исто така истекува во јуни. Тој имаше скромна минутажа оваа сезона и Реал е подготвен да ја почитува неговата одлука, каква и да е таа.
Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар се во плановите на тренерот Карло Анчелоти, но Реал е отворен за преговори во јануари со секој клуб заинтересиран за нивните услуги. Така беше во последните две години со Алваро Одриозоло и Мартин Одегард.