Европски ФудбалФудбал

Реал подготвен да го продаде Азар за 30 милиони евра, заинтересирани три клуба од Премиер лигата

Реал ќе направи се за да се ослободи од Еден Азар. „Кралевите“ се подготвени да ја прифатат загубата за да се ослободат од неговиот огромен договор. Веројатното доаѓање на Мбапе и експлозијата на Винисиус едноставно го прави вишок поранешниот фудбалер на Челзи.

Според тврдењата од Англија, ниту „сините“ од Лондон не се премногу заинтересирани. Азар има 30 години, проблеми со повреди, би го спречил развојот на помладите играчи, што е целта на Томас Тухел, кој веќе покажа дека на играчите од школата на Челзи ќе им дава се поважна улога.

Наводно, Реал би прифатил 30 милиони евра за играч што го плати стотина милиони пред две и пол години, би заштедил на плата од 20 милиони, а малку клубови можат да си го дозволат Азар.

За него се заинтересирани три клуба од Премиершип. Едниот е Њукасл кој може да му понуди толку висок договор, другите два клуба се Евертон и Вест Хем, но Белгиецот би морал да се согласи на нешто помала плата. Најверојатно ќе бара отштета од Мадрид, не можат да го натераат да си замине, како ниту Бајл во последните неколку години, но Азар сака да игра. За една година е Светското првенство во Катар…

Една од опциите е позајмица со откуп, но како што стојат работите по лошите сезони, поранешниот играч на Лил тешко може да смета на повторно враќање во голем клуб.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!