Европски ФудбалФудбал

Реал го зацементира Бензема: Може да си замине само за милијарда евра!

Од заминувањето на Кристијано Роналдо, Карим Бензема е задолжен за голови во Реал и прави одлична работа. Затоа тие не препуштаат ништо на случајноста во Мадрид, туку подготвија нов договор.

Новиот договор повратникот во француската репрезентација ќе го „врзе“ во Мадрид до 2023 година. Дека Реал е навистина сериозен околу намерите и плановите со Бензема говори фактот што откупната клаузула изнесува дури една милијарда евра.

Бензема ќе биде шестиот фудбалер ова лето на кој ќе му биде понудена продолжување на соработката, а Лука Модриќ, Лукас Васкес, Начо, Дани Карвахал и Тибо Куртоа веќе потпишаа договор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!