Европски ФудбалФудбал

Реакцијата на навивачите беше клучна: Ништо од доаѓањето на Гатузо во Тотенхем

Џенаро Гатузо вчера по само 22 дена раскина со Фиорентина и го напушти „Артемио Франки“.

Ова следеше поради несогласувања во врска со политиката на трансфери, бидејќи клубот не можеше да му обезбеди вистинско засилување, а продажбата на првата ѕвезда на тимот Душан Влаховиќ најверојатно ќе се случи.

Агентот на Гатузо, Жорж Мендеш, веднаш ги понуди услугите на неговиот клиент до Тотенхем, а бргу следеа разговори меѓу двете страни.

Сепак, утрово Фабрисио Романо објави дека Тотенхем нема да го назначи Гатузо за свој тренер затоа што не биле заинтересирани за неговите услуги.

Наводно, причината за негативниот одговор доаѓа по реакциите на навивачите кои не сакале да го видат Гатузо на клупата на тимот од Лондон поради неговите наводни коментари во врска со расизмот, правата на ЛГБТ и слично.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!