ФудбалФудбал - Останато

РБ голмански камп Охрид 2021 (ФОТО)

Од 26 јуни до 1 јули годинава ќе се одржи големиот „РБ голмански камп Охрид 2021“. Ова е 9. по ред РБ камп од кој шести по ред во Охрид. Првиот „РБ голмански камп“ започна во Херцег Нови, Црна Гора, потоа имаше по еден камп во Пефкохори во Грција и Врњачка Бања во Србија, а од јануари 2016 „РБ голманскиот камп“ е во Охрид.

На кампот досега имаат присуствувано тренерите на голмани од женската репрезентација на Србија, Вардар, Војводина, Динамо од Загреб, Партизан и многу други тренери од разни познати балкански клубови.

На летниот камп во Охрид ќе работат Мутибариќ, Горан Савин од Будучност СЦ и Бранислав Радојчиќ кој е организатор на самиот камп.

Интересот за овој камп е голем, а доаѓаат голмани од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија. Тренинзите се одржуваат на терените на Спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид. Тренинзи, анализа, едукација и уживање во Охрид е само мал дел од кампот, а ќе биде организнира и посета на стариот дел од градот каде се наоѓа и тврдината.

Сите учесници добиваат спортска опрема (тренерски, комплетен голмански дрес, две маички и голмански ракавици).

Интересот за кампот е голем и ќе има голмани од целиот Балкан, затоа побрзајте и пријавете, учествувајте на најдобриот камп за голмани на Балканот и научете многу од големи професионалци кои може многу да ви помогнат во развојот на вашата кариера.

Пријавувањето трае до 20 мај, а доколку сакате да се пријавете тоа можете да го направите на следниот линк или на вибер на +38160 06 28 987 Бранислав Радојчиќ.

Спортска Мрежа го поддржува „РБ голмански камп Охрид 2021“.

Промотивен текст

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!