Равногорац: Упорноста ни се исплати, во финишот дојдовме до голема победа и три бода

Новиот третолигаш Слога 1976 од Лажани тргна со победа во новата сезона од Трета лига – Југ, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Динамо.
Тренерот на Слога 1976 Сеад Равногорац е задоволен од резултат и од изданието на неговите фудбалери на првиот натпревар.
„Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера, ние покажавме упорност и желба за победа и се боревме до самиот крај на натпреварот и таа упорност ни се исплати бидејќи голот дојде во самиот финиш на наше огромно задоволство и радост кај нашата публика. Ние како нов третолигаш најбитно ни беше да дојдеме до првите три бода и со таа мисла и цел влеговме во натпревар каде доминиравме од првата до последната минута. Во првиот дел пропуштивме голем број на шанси, но моите играчи не паднаа психички по тие промашувања туку стануваа се посилни и се бореа лавовски за да како што и напоменав до победа дојдеме во самиот финиш на натпреварот со еден прекрасен погодок на Неџат Алиоски“, ни изјави Равногорац.
Слога 1976 во следното коло ќе гостување кај Возарци ДМД исто така нов третолигаш во Трета лига – Југ.
„Следен наш противник е исто така новиот третолигаш екипата на Возарци ДМД каде одиме да ги земеме трите бода иако знаеме дека ќе биде многу тешко на гостински терен, ако знаеме дека сме ослабени за Енис Фазлиоски кој доби директен црвен картон на самиот крај од натпреварот со Динамо“, рече тренерот на Слога 1976.