ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Распоредот на Осогово за февруари (ФОТО)

Осогово интензивно се подготвува за пролетната полусезона од Втората лига – Исток. „Жетварите“ веќе одиграа една контролка против штипска Брегалница која ја загубија со 1:2 во Кочани, а во февруари следуваат уште четири контролки.
На 6. февруари следува тест со Кит Го, потоа со Кадино на 10. февруари, три дена подоцна со Тиквеш од Кавадарци и „генералка“ со Брегалница од Делчево.

Осогово пролетните предизвици ги стартува на „Никола Мантов“ со Каменица Саса.