РАСПОРЕД Трета лига – Исток: Карбинци отвара против Малеш, ќе се натпреваруваат уште три нови екипи!

На 11. септември ќе стартува новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток со вкупно 12 екипи.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Познат е комплетниот распоред за есенскиот дел од сезоната, а во истата ќе учествуваат три нови екипи, односно повратници во третолигашкото друштво после неколку сезони пауза.
Нов член на Трета лига – Исток е Академија Чешиново Облешево, додека пак повратници после долги години се Вардарски од Богданци и Победа од Валандово. Спартмани од Градско Балдовци (струмичко), Брегалница од Делчево и Тиверија по една сезона пауза повторно ќе бидат активни во Трета лига – Исток.
За новата сезона учество пријави и Дојранско Езеро, ќе се натпреварува и ланскиот второлигаш Осогово од Кочани, а дополнително остануваат и ланските третолигаши Овче Поле, Карбинци, Малеш и Рудар.
- коло Трета лига – Исток (11. септември 16:00 часот):
Академија Чешиново-Облешево – Брегалница Делчево
Овче Поле – Спартмани
Рудар – Дојранско Езеро
Карбинци – Малеш
Осогово – Победа Валандово
Вардарски Богданци – Тиверија
- Целосен распоред за сезона 2022/2023 Трета лига – Исток есенски дел:
