ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Раскинат договорот со Иван Минчев, кој од семејни причини се враќа во Бугарија

По взаемен договор ФК Брегалница предвреме ја прекина соработката со бугарскиот интернационалец Иван Минчев кој од семејни причини побара да се врати во Бугарија.

ФК Брегалница излезе во пресрет на барањето на Минчев за раскин на договорот, со оглед на тоа што семејството, сепак, е основниот приоритет во животот.

„Сакам да искажам огромна благодарност на ФК Брегалница за начинот на кој бев пречекан во Штип и во клубот во првото мое интернационално искуство во кариерата. Наидов на максимално професионално организиран клуб кој овозможува беспрекорни услови за развој на еден фудбалер, но семејството сепак е најважно во животот и само поради тоа неопходно е да се вратам во својата земја. И благодарам на Брегалница за прекрасните заеднички месеци, им благодарам на навивачите, и посакувам на клубот многу успеси низ актуелната сезона“ – истакна Минчев по разделбата со клубот.

ФК Брегалница искажува благодарност на Иван Минчев за ангажманот во клубот изминатиот месец, посакувајќи му успех во идната кариера.

Минчев во Брегалница дојде од редовите на бугарскиот прволигаш Берое, а претходно во својата кариера има настапувано и за Спартак Варна, Монтана и ЦСКА Софија.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!