ОстанатоФудбалФутсал

Ранготов го сруши Шкупи и го врати Проект на врвот, во Струга паднаа 14 погодоци

Големото футсал дерби во Македонија меѓу Проект и Шкупи заврши со тримф од 3:1 за актуелниот шампион, а херој на мечот во Гевгелија беше Дарко Ранготов кој со хет-трик сам го сруши лидерот Шкупи и го спушти на втората позиција на табелата.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

За екипата на Шкупи која сега е втора на табелата со ист број на бодови како е Проект стрелец на единствениот гол беше Исмет Цека.

Во Струга екипите на Енхалон и Велес ремизираа играјќи 7:7. Нико Пластиновски со четири погодоци беше најдобар стрелец за домашната екипа, а двоен стрелец беше Мишо Ѓорѓиевски, додека пак Белќија Ѓетали со еден погодок се впиша во листата на стрелци за домашната екипа. За гостите Даниел Боневски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Зоран Тасески, Владимир Мојсовски, Александар Трпковски и Кадир Амза.

Железарец го доби дуелот во Автокоманда против Арбен Бајрами со 6:3. Дејан Кајсторовски и Стефан Димовски беа двојни стрелци за домашните, а по еден гол постигнаа Тони Брњарчевски и Петре Даиловски кој исто така си постигна и автогол. Два погодоци за гостите ги постигна Јахја Абдил Кадир.

Во неизвесен и возбудлив меч Црна Река со 6:4 триумфираше над Карадаку на домашен терен во Кавадарци. Рафаил Грбиќ постигна хет-трик во „Јасмин“, Тони Гацев беше двоен стрелец, а во листата на стрелци за Црна Река со еден погодок се запиша и Антонио Јанев. За гостите Ибраим Далипи беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Шуајб Шукрија и Фатон Нуредини.

>>> ПРОМОЦИЈА НА РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Мечот меѓу Јувентус Серава и Шкендија не го дочека својот крај, истиот беше прекинат во 9. минута при резултат 1:1. Гостите преку Едис Муртазани во 4. минута први дојдоа до водство, а пак три минути подоцна Дионис Укшини погоди за 1:1. Во 9. минутa настанал хаос на теренот, а што навистина се случувало на мечот во продолжение ја имате забелешката од официјалниот записник од натпреварот.

Забелешка од официјалниот записник од натпреварот:

„Во 9 минута при груб фаул на домашнот играч со број 4 Рамадани Хамза настана гужва на терен при што влета играч на гостинската екипа со број 5 Елвир Нуиши од клупа да се пресмета со играчот со број 4 Хамза Рамадани, тука настана поголем проблем каде што влетаа повеќе играчи од двете екипи и мечот беше прекинат. Судиите доделија заслужени црвени картони и гостинската екипа не сакаше да го продолжи натпреварот и откако ги почекавме 15 минути процедурално гостинската екипа не се појави на терен повторно. Следува дополнителен извештај. Снимката дополнително ќе биде пратена во Федерација во одредено време.“

Фотографии од хаосот на натпреварот:

ФОТО: Фотографии испратени до Спортска Мрежа
ФОТО: Фотографии испратени до Спортска Мрежа

Кај екипата на Јувентус Серава црвени картони заработија голманот Месуд Фета и Хамза Рамадани, додека пак црвен картон кај Шкендија заработи Елвир Нуриши.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!