Европски ФудбалФудбал

Рангник веќе го најде своето прво засилување за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед вчера потврди дека Ралф Рангник е нов тренер на овој клуб.

Германскиот стручњак пристигна на „Олд Трафорд“ откако Оле Гунар Солскјер доби отказ, а со „црвените ѓаволи“ потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Доколку Рангник ги исполни очекувањата на крајот од сезоната ќе ја продолжи соработката на уште две години, но јасно е дека го чека голем предизвик.

Претходните години работеше како спортски директор во Лајпциг и во Локомотив Москва од кој штотуку дојде во Јунајтед. Сепак, тој не можеше да ја одбие понудата на „црвените ѓаволи“ бидејќи е свесен дека таквите можности не доаѓаат често.

Англиските медиуми веќе почнаа да шпекулираат какви промени ќе направи Рангник во тимот на Манчестер Јунајтед, а многумина тврдат дека најмногу ќе „настрада“ Кристијано Роналдо.

Имено, се шпекулира дека Роналдо би можел да остане без место во стартната постава, а повеќето натпревари да ги стартува од клупата за резервни играчи.

Исто така, се очекува Јунајтед во јануари да се обиде да доведе нови засилувања, а Тајмс објави дека веќе е познато кој ќе биде прва мета на англискиот клуб.

Наводно, Рангник им кажал на челниците на Јунајтед дека сака да го доведе Амаду Хајдар од Лајпциг кој совршено би се вклопил во неговата тактика. Тој исто така верува дека трансферот нема да биде комплициран со оглед на тоа што има одлични односи со челниците на германскиот клуб каде што помина неколку години.

23-годишниот играч игра на позицијата среден бек, а во Лајпциг пристигна пред три години од Салцбург за 19 милиони евра. Сезонава одигра 17 натпревари за германскиот клуб и постигна три гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!