Европски ФудбалФудбал

Рангник потврди две нови „засилувања“ на „Олд Трафорд“

Германскиот стручњак Ралф Рангник неодамна стана нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Рангник, кој го наследува Оле Гунар Солскјер, се очекува да седне на клупата на Јунајтед барем до крајот на сезоната, а потоа да скокне во канцеларија и да служи како советник во клубот за трансфери.

Неговото деби на клупата на „црвените ѓаволи“ помина одлично, бидејќи тимот во неделата го победи Кристал Палас со 1-0, а утре ќе се сретне со Јанг Бојс во натпревар од Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, новиот менаџер на Јунајтед потврди дека на неговиот стручен штаб ќе му се приклучат поранешниот тренер на Торонто, Крис Армас и спортскиот психолог Саша Ленсе, со кој соработуваше во Лајпциг.

Двајцата чекаат работни визи пред официјално да ги започнат своите обврски во Манчестер Јунајтед.

Ленсе беше претставен на играчите во тренинг базата на Јунајтед во Карингтон во понеделникот. 46-годишниот поранешен играч од средниот ред претходно соработуваше со Рангник во Шалке и Ред Бул Лајпциг, но ќе мора да почека да биде одобрена визата пред да ги примени своите добро проценети техники во тимот на Јунајтед.

Армас, 49-годишен поранешен тренер на Њујорк Ред Булс и Торонто, исто така поднесе барање за работна виза пред да добие одобрение да им се придружи на Киеран Мекена и Мајк Фелан.

Рангник верува дека тие се исклучителни професионалци и дека нивниот ангажман ќе му помогне на Јунајтед да ги постигне своите цели. По доаѓањето на клупата на Јунајтед, Германецот побара да му биде дозволено да ги избере сите членови на стручниот штаб, а подоцна ќе работи на доведување на насочени засилувања.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!