Европски ФудбалФудбал

Рангник го најде првото засилување за Јунајтед во Лига 1

Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок би можел да го доведе дефанзивниот играч за врска на Марсеј, Бубакар Камара (22), објавија британските медиуми.

Преговорите меѓу Јунајтед и Марсеј се во напредна фаза и Камара би можел да стане првото засилување на тренерот Ралф Рангник. Иако е играч од средниот ред, Камара може да игра и во одбраната.

Неговиот договор со Марсеј истекува на крајот од оваа сезона и Камара би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ по многу поволна цена. Се проценува дека трансферот би бил вреден 11,7 милиони евра.

Камара би бил друга опција како дефанзивен играч за врска, покрај Фред и Скот МекТоминај.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!