Европски ФудбалФудбал

Рангник доби работна дозвола, вечерва од трибините го следи натпреварот со Арсенал

Германскиот тренер Ралф Рангник доби работна дозвола и може да почне да работи во Манчестер Јунајтед, објавија денеска британските медиуми.

Рангник во понеделникот беше назначен за привремен тренер на Манчестер Јунајтед, но мораше да почека да се заврши потребната документација и процесот за добивање работна дозвола за да почне со работа.

Според „Скај“, 63-годишниот тренер вечерва ќе биде на „Олд Трафорд“ на натпреварот против Арсенал, а тимот од клупата ќе го води Мајкл Керик.

Поранешниот тренер на Шалке, Хофенхајм и Лајпциг ќе дебитира на клупата на англискиот тим во недела на домашен терен против Кристал Палас.

Керик, кој го предводеше тимот во победата против Виљареал во Лигата на шампионите и ремито со Челзи во Премиер лигата, во средата изјави дека се уште не разговарал со Рангник.

Рангник ќе го води тимот до јуни, а потоа две години ќе извршува консултантска работа во клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!