Европски ФудбалФудбал

Рангник чека работна виза: Керик го води Јунајтед против Арсенал

Манчестер Јунајтед потврди дека Мајкл Керик ќе го води тимот на натпреварот против Арсенал во четврток.

Ралф Рангник во понеделник и официјално стана менаџер на „црвените ѓаволи“. Сепак, додека челниците на клубот го средат регулаторниот процес околу работната виза на германскиот стручњак, на клупата ќе седне Мајкл Керик.

За потсетување, Керик го презеде тимот откако Оле Гунар Солшер доби отказ. Со него на кормилото, Јунајтед го победи Виљареал со 2-0 во Лигата на шампионите, додека ремизираше 1-1 со Челзи во Премиер лигата.

Рангник ќе започне со работа веднаш штом ќе ги добие потребните документи. Тој потпиша договор со клубот до крајот на сезоната, по што ќе остане како советник на „Олд Трафорд“.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал е закажан за в четврток од 21 часот и 15 минути.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!