Европски ФудбалФудбал

Рамос со трансфер во Барселона !? Еве што одговори поранешниот капитен на „кралевите“!

Серхио Рамос се прости од Реал. Мадридскиот клуб, за кој одигра 671 натпревар, си замина откако му истече договорот. Тој не успеа да се договори со претседателот на Реал, Флорентино Перез за деталите за продолжување на соработката.

“Во последните месеци, Реал ми понуди едногодишен договор со 10 проценти помала плата. Парите никогаш не беа проблем, но јас сакав двегодишен договор. Подоцна ја прифатив понудата, но понудата на Реал имаше рок до кога морав да се изјаснам, а јас не знаев за тоа“, рече 35-годишниот Рамос.

Шпанскиот дефанзивец се уште не објави во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

“Назад во Севиља ? Не, тоа не е опција”, рече Рамос, кој потоа беше запрашан дали постои можност да оди во Барселона, најголемиот ривал на Реал.

“Невозможно. Никогаш нема да ме видите во тој клуб. Не знам за кого ќе потпишам. Кога ќе знам, јас ќе бидам првиот што ќе го објавам тоа.”

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!