Европски ФудбалФудбал

Рамос пред ГОЛЕМ трансфер, на клубот му недостасува титула во ЛШ

Серхио Рамос пред неколку дена се прости од Реал, каде помина 16 години. Во збогувањето од мадридскиот клуб, тој рече дека „со годините што доаѓаат сакам да играм на највисоко ниво и да освојувам трофеи“.

Со други зборови, не му пречи тоа што има 35 години и не го интересираат понуди од САД, Кина или Блискиот исток. Рамос на сите им даде до знаење дека сака да биде во врвен клуб.

Според „Диарио АС“, четири клуба се борат за потписот на Рамос. Наводно фаворит, ни помалку ни повеќе е Манчестер Сити!

Мадридскиот весник тврди дека Рамос со месеци бил во контакт со тимот на Пеп Гвардиола. Тој сака да го донесе бидејќи евентуалното заминување на Ајмерик Лапорте би го оставил само со три стопери – Џон Стоунс, Рубен Дијас и Нејтан Аке.

Другиот е градски ривал на Сити. Манчестер Јунајтед и Рамос веќе подолго време „флертуваат“. Тие беа во преговори уште во 2015 година, но Рамос потоа реши да остане во Реал. Сега тој конечно може да стигне на „Олд Трафорд“.

ПСЖ исто така има големи шанси да го донесе Рамос. Претседателот на францускиот клуб Насер Ал Келаифи е очаен да ја освои Лигата на шампионите следната сезона. „Диарио АС“ наведува дека еден од главните приоритети на Парижаните е да го донесат Рамос.

Конечно, тука е Севиља. Матичниот клуб на Рамос е подготвен да му плати далеку над своите граници за да го врати.

Тешка одлука е пред Рамос…

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!