Европски ФудбалФудбал

Рамос прави целосно неочекуван трансфер ?

Јасно е дека Серхио Рамос нема да остане во Реал Мадрид и следната сезона, а странските медиуми пишуваат дека тој би можел да направи целосно неочекуван трансфер. Рамос има неколку понуди. Пари Сен Жермен го посакува во своите редови, а тој е во преговори со двата клуба од Манчестер.

Севиља сега се појави во приказната, а Рамос токму од таму дојде во Реал Мадрид. Постои можност искусниот дефанзивец да се врати дома по 17 години, но би морал да се откаже од многу пари.

Ова е особено значајно затоа што Рамос отсекогаш бил дочекуван со свирежи и навреди кога би ја посетил Андалузија со Реал, иако ова малку ослабе во последните години.

Доколку Рамос реши да се врати во Севиља, клубот од Андалузија би го продал Жил Кунде, кого го бараат Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!